ЦЕЛОСНА ПОНУДА

Тури со дрезги
Тури со дрезги
   
Се поголемата популарност на движењето со дрезги, на англиски snowshoeing, покажува дека традиционалниот концепт за зимските рекреативни активности се менува. Различните облици на скијање и бордање не се повеќе единствената пасија која нуди можност за уживање во зимските убавини на планината. Дрезгањето претставува нов, современ начин за зимски фитнес на планина и запознавање со магичноста на планинскиот свет која во се поголем замав ги освојува симпатиите на вљубениците во планината, но и на тие кои сакаат за прв пат да дојдат во контакт со неа.
Движењето со дрезги или snow shoeing е старо нова зимска планинска активност во Македонија. Стара, бидејки дрезгите во нашите планини се користат повеќе од 3500 години, колку што е стар и самиот термин. Нова, бидејки како спортско рекреативна активност “сама за себе“ се актуелизира последниве години. Едно е факт – “дрезгањето“ е многу интересна зимска активност, која не бара некакви посебни технички вештини и посебно се препорачува за семејни и колективни излегувања на планина. После петнаесетина минути секој станува експерт за дрезгање.
Нашата понуда и во овој сегмент опфаќа широк спектар на услуги од лесни неколкучасовни тури, па се до повеќедневни траверси, како што е пречењето на така наречената Шарпланинска трансверзала, од врвот Љуботен до Титов Врв или Кораб, како и траверси во националните паркови.
Бројот на ангажирани водачи во турата, зависно од нејзината тежина и нивото на подготвеност на клиентите, се движи од 1 : 4 до 1 : 8 клиенти.