МЕДЕНА АПАРТМАНИ - СТАНДАРД ПЛУС 3*

Шеталиште покрај море долгo 2000 метри ги поврзува апартманите Медена со Сегет, старо рибарско село a оддалечени се само 4 км од Трогир, ризницата на уметноста или градскиот музеј заштитен од УНЕСКО. Оддалеченост од аеродромот во Сплит е 7 км, растојание од Сплит е 30 км. 
 
Апартманите Медена се состојат од 260 пријатни апартмани со официјална категорија со три sвезди. Живописното одморалиште, сместено во сенката на борова шума и вистинска суптропска вегетација, им нуди на летувалците можност да уживаат во здрава околина и поглед кој го одзема здивот. 
 
Внатре во комплексот има и 324 000 m2 прекрасна борова шума и медитеранска вегетација во рамките на кои е можно да се спроведат разни спортски - рекреативни - здравствени - едукативни - активности:спорови на вода,  пешачење, нордиско пешачење, трчање, возење велосипед - МТБ,  училиште во природа, вежби за дишење , јога, детско игралиште итн. 
Гостите можат да одат на плажа на 100 метри од комплексот или да уживаат во пијалок на терасата од барот или во специјалитетите во ресторанот. Бесплатен WiFi пристап е достапен на јавните површини. 
Сите апартмани се климатизирани и располагаат со ТВ со сателитски канали. Секој апартман е опремен  со кујна со микробранова печка. Понудени се крпи и постелнина. Бањите се опремени со када. 
Храна и други производи може да се набават во продавницата во самиот комплекс. 

Тип на апартман

31.03-15.05

15.05-29.05

29.05-12.06

12.06-03.07

03.07-10.07

10.07-14.08

02.10-31.10

18.09-02.10

11.09-18.09

28.08-11.09

14.08-28.08

А2+1/ Стандард Плус 3*

48,16

56

64,96

80,64

100,8

116,48

Б4+1 Стандард Плус 3*

63,84

78,4

87,36

120,9

143,36

168

Минимум престој

3

3

5

7

7

7



Цената вклучува изнајмување на апартман по ден  
 
Цената вклучува:  
-сместување во апартмани, постелнина, крпи, користење на опрема во кујна, струја , вода, клима уред, сателитска ТВ, финално чистење, паркинг
 
Попусти и доплати 
- Доплата за појадок - 12 еур по лице 
- Доплата за полупансион - 24 еур по лице 
Оброци за деца  
- Деца од  0- 2,99 години - бесплатно 
- Деца од 3- 9,99 години - 50 % попуст на доплатата за појадок или полупансион 
- Деца од 10-11,99 години - 30 % попуст на доплатата за појадок или полупансион 
 - Доплата за туристичка такса која се плаќа на лице место по пристигнување, за возрасни 1,4 еур по лице на ден, деца од 0-11,99 години бесплатно, деца од 12-18 години 50 %  
-доплата за детско креветче - на лице место  - 6 еур ( се плаќа само во периодот од 29.05-18.09.2021) 
- миленичиња не се дозволени 
 
Цените не вклучуваат:      
• Меѓународно патничко здравствено осигурување кое покрива COVIT 19     
• Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци 
• Туристичка такса која се плаќа на лице место   
 
✔ За влез во Хрватска потребен е ПЦР -Негативен тест не постар од 72 часа од датумот на пристигнување 
      ( Атлас Корпорејшн ви нуди асистенција при закажување на тестирање по повластени цени во лиценцирани медицински лаборатории ) 
   
Напомена:     
✔Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената на сместувањето во хотел - на барање)    
✔ Пасошот треба да е со важност најмалку 3 месеци од датумот на завршување на престојот во Хрватска   
✔За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и  Т.А.Атлас Корпорејшн    
 

 

МЕДЕНА АПАРТМАНИ - СТАНДАРД ПЛУС 3*

Сегет Доњи
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+