Дубаи

ДУБАИ


ИНДИВИДУАЛНА ПРОГРАМА  
4 ноќевања  



СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - ДУБАИ. Полетување на авионот за Истанбул во 20.40 часот. Слетување во Истанбул во 00.15. Полетување од Истанбул за Дубаи во 01.30 часот. Слетување во Дубаи во 07.00 часот наредниот ден. (саатниците се променливи согласно политиката на авио компанија и се објавени според локално време). Трансфер до хотелот и сместување по 14 часот. Слободен ден за индивидуални активности. 4 Ноќевања во избраниот хотел. 
 
За време на престојот ви ги предложуваме следниве факултативни излети: 
- ПУСТИНСКО САФАРИ - 47 еур по лице 
- КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА - 45 еур по лице 
-ДЕЛФИН КЛУБ - 31 (само влезница) 
- Burj Khalifa за 124 кат  (само влезници 46 евра во нормално време и во време од 1530-1800 часот влезницата чини 68 евра) 
-ДУБАИ АКВАРИУМ И ПОДВОДНА ЗООЛОШКА ГРАДИНА - 31 еур (само влезница) 
 
ДУБАИ-ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ. Одјавување од хотелот во 12 часот. Време за слободни индивидуални активности.  Полетување на авионот од Дубаи во 03.30 часот слетување во Истанбул во 07.25 часот. Полетување од Истанбул во 08.50 часот.  Слетување во Скопје во 08.15 часот (саатниците се променливи согласно политиката на авио компанија и се објавени според локално време).  

ХОТЕЛ 3* 620
ХОТЕЛ 4* 680
ХОТЕЛ 5* 788

Цените се со вклучени аеродромски такси 

Цената вклучува:  
- Повратен авионски билет на релација  Скопје-Истанбул - Дубаи - Истанбул -Скопје   (вклучен багаж рачен 7кг и чекиран 30кг );  
-Аеродромски такси  
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром ;   
- 4 ноќевања во  избраниот хотел 
 
 
Цената не вклучува:  
- Влезна виза за  Дубаи   - 85ЕУР по лице (задолжително за сите возрасни лица) 
 - За деца до 18 години кои патуваат со родители визата е бесплатна 
- задолжително негативен ПЦР тест 72 часа изваден пред полетување - (Асистираме за закажување на навремен тест во акредитирана лабораторија по цена од 2.200 денари) 
-  За деца до 12 години кои патуваат со родители не е потребен ПЦР тест  
- Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД   
-  индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи  
- Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот 2-4 еур во зависност од категоризација на хотелот  
 
Важни напомени:  
-   За виза е потребно пасош валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош .  
-Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на авион и во хотел - на барање) 
-Полетување од Скопје за Дубаи со Turkish Airlines има во понеделник, среда, четврток, петок и недела  
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и  Т.А.Атлас Корпорејшн 


Галерија

Дубаи

Индивидуални патувања
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+