Дубаи

ДУБАИ

29.04 - 04.05.2021  





1ден 29.04.2021     СКОПЈЕ -ДУБАИ  
Полетување на авионот за Истанбул во 20.45 часот. Слетување во Истанбул во 23.20. 
Полетување од Истанбул за Дубаи во 00.40 часот. Слетување во Дубаи во 05.55 часот наредниот ден (саатниците се променливи согласно политиката на авио компанија и се објавени според локално време). Трансфер до хотелот и сместување веднаш во соба. Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевања во избраниот хотел.  
  
 2 Ден 30.04.2021   ДУБАИ  
Појадок .Факултативен полудневен разглед на Дубаи. Посета на првиот изграден вештачки остров во светот во форма на палма и панорамски разглед на хотелот Атлантис, кратко     застанување на најпознатата плажа на која се наоѓа хотелот чудо на модерната архитектура, Burj Al Arab (краток стоп за фотографирање). Од таму ќе продолжиме кон џамијата Jumeirah Mosque  , која ќе ја погледнеме само од надвор. Заминување кон Bastakiya стариот дел на Дубаи кој ја има задржано автохтоната архитектура, посета на музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi а потоа продолжуваме со прошетка низ заливот со традиционални бротчиња наречени Абри кои ќе не однесат до традиционалниот пазар на зачини и злато, наречен Сук. Враќање во хотел.  Ноќевање.  
 
3 Ден  01.05.2021  ДУБАИ 
Појадок. Предлог факултативно Романтично крстарење (“Dhow Cruise”) низ каналот во Дубаи на арапски древен брод - „Dhow”. Ќе се опуштиме покрај пријатните звуци на традиционалната арапска музика. Додека крстарите низ заливот на Дубаи ќе можете да ги забележите старите dhow бродови, абра бродовите како и луксузните јахти, потоа неверојатни примери на модерната архитектура како Националната Банка на Дубаи и Стопанската Комора на Дубаи, индустриски згради, покриени пазари, Палата на Шеикот Саид, родното место на шеикот Рашид (таткото на модерен Дубаи) како и селото за културно наследство близу Шиндага. Пловејќи покрај милион светилки и панорама ќе вкусите богата локална и интернационална кујна. Уживајте пловејќи. Враќање во хотелот. Ноќевање. 
 
4 ден  02.05.2021      ДУБАИ- ПУСТИНСКО САФАРИ    
Појадок. Пустинско Сафари (факултативно) - Волшебно доживување на пустината со вклучена вечера. Заминување во попладневните часови кон пустината со џипови. Возбудливо возење низ дините кои како песочно море се протегаат во бескрај. Патот ќе не одведе до камп, изграден таму некаде во срцето на пустината каде ќе имате можност да уживате во прекрасното зајдисонце, да јавате камили и да ги вкусите традиционалните Арапски јадења и свежо подготвена скара. Слободно време.Вечерата ќе ви ја развесели прекрасна танчерка која понесена од звуците на ориентот ќе ве однесе директно во приказните од 1001 ноќ. … Враќање во хотелот. Ноќевање. 
 
05 ден 03.05.2021     ДУБАИ 
Појадок.Слободен ден за уживање и шопинг . Ноќевање.  
 
06 ден 04.05.2021   ДУБАИ-СКОПЈЕ 
Појадок. Oдјавување од хотел во 12 часот. Време за слободни индивидуални активности до времето прдвидено за трансфер. Полетување на авионот од Дубаи во 02.00 часот на 05.05. Слетување во Истанбул во 05.35 часот. Полетување од Истанбул во 07.35 часот. Слетување во Скопје во 08.05 часот  на 05.05.2021   


ХОТЕЛ 29.04 -05.05.2021
5 ноќевања 
Hayat Place Jumeirah4*  649 eur 
Golden Tulip Media Hotel 4* 665 eur
Ramada By Woondham Jumeirah Hotel 5*  685 eur
Crowne Plaza Dubai Sheikh Zayed Road  725  eur
 

Цените се со вклучени аеродромски такси  
 
 
Цената вклучува:   
  • Повратен авионски билет на релација  Скопје-Истанбул - Дубаи - Истанбул -Скопје   (вклучен багаж рачен 7кг и чекиран 30кг ); 
  • Аеродромски такси 
  • Трансфер аеродром-хотел -аеродром 
  • 5 ноќевања во избраниот хотел 
  • Организација и реализација на аранжманот  

Цената не вклучува:   
  • Влезна виза за  Дубаи   - 85ЕУР по лице (задолжително за сите возрасни лица)  
  • За деца до 18 години кои патуваат со родители визата е бесплатна  
  • задолжително негативен ПЦР тест 72 часа изваден пред полетување - (Асистираме за закажување на навремен тест во акредитирана лабораторија по цена од 2.200 денари)  
  • За деца до 12 години кои патуваат со родители не е потребен ПЦР тест   
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД    
  • Индивидуални трошоци 
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот 2-4еур во зависност од категоризација на хотел  
  • За време на престојот ви ги предложуваме следниве факултативни излети:  
  • ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА  
  • ПУСТИНСКО САФАРИ  
  • КРСТАРЕЊЕ ПО МАРИНА  
  • ДЕЛФИН КЛУБ  
  • Burj Khalifa за 124 кат   
  • ДУБАИ АКВАРИУМ И ПОДВОДНА ЗООЛОШКА ГРАДИНА - 
 
 
Важни напомени:   
  • За виза е потребно пасош валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош .   
  • Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) , валидни се до пополнување на места на авионот по дадени цени. (Пред резервација, Ве молиме да ја проверите цената и достапноста на места на авион и во хотел)  
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и  Т.А.Атлас Корпорејшн  


Галерија

Дубаи

29.04 - 04.05.2021
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+