Луковска бања се наоѓа на југот од Србија на источните падини на Копаоник. Иако е сместена на надморска височина од 681 m, по што е највисоката бања во Србија , опкружена е со планини преку 1000 m височина, што овозможува блага и умерена клима.
Позната е по изобилство на минерални води, недопрена природа и со шуми покриени падини на планината Копаоник како и со кристално чист воздух. По број на извори со минерална вода со различен состав и вода преку 100 l/s припаѓа во најбогатите бањи во Србија. Според Институтот за геологија и препораката на Балнеолошкиот институт на Медицинскиот факултет во Белград помага во лечење на ( Акутен и дегенеративен ревматизам, остеопороза, гихт, состојби по скршеници и хируршки интервенциии и гинеколошки заболувања).
|
ЈАН-ФЕБ |
МАРТ-АПРИЛ |
МАЈ |
ЈУНИ |
ЈУЛИ/ |
СЕПТЕМВРИ |
Основен БO ден |
36 € |
36,5 € |
37,5 € |
38 € |
40,5 € |
40 € |
Комплетен БO ден |
46,5 € |
47 € |
47,5 € |
48,5 € |
51 € |
50 € |
Цените се дадени по лице на ден на база полн пансион во двокреветни стандардни соби
Основен БO ден вклучува:
- Сместување во двокреветна стандардна соба (ТВ, минибар, баде мантил, фен)
- Лекарски преглед кај дежурен доктор;
- Балнеотерапија: капење во лековита вода ( внатерешни џакузи базени, надворешни базени во Горна бања – природни извори со термална вода), хидрокинези терапија (групни вежби во базен со лековита вода);
- Користење на Wellness центар: финска сауна, био сауна, парно купатило, тепидариум, солена соба,
- Користење на спортските терени (асфалтен терен за мали спортови: кошарка, ракомет, одбојка);
- Користење сала за забава : пинг понг, билијард, пикадо;
- Анимациска програма со терапевт-рекреатор: групни вежби во фитнес сала и на отворено, околна прошетка;
- Исхрана на база полн пансион – појадок –избор од 10 оброци, ручек (супа или чорба, десерт, овошје ) и вечера по принцип на анкетирање ( 3 јадења од дневното мени + диета) според препорака на доктор се воведува посебна диетална исхрана ( за дијабетичари, болни од висок крвен притисок, безглутенска диета) ;
- Бесплатен WI FI интернет, такса за престој и осигурување
Комплетен БO ден вклучува: Основен БO ден + четири терапии дневно
(се спроведуваат секојдневно, за време на викенд и празник):
- Хидромасажа во лековита вода (бисерна купка или подводна масажа);
- Аплицирање на лековита кал ( до 2 аплицирања);
- Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, ултразвук, солукс ламба, мускулен стимулатор, Bioptron ламба);
- Мануелна (рачна ) масажа - сегментна.
- Доплата за еднокреветна соба : 13 € на ден
- Доплата за Комфорт соба : 5 € по лице на ден
- Услови за деца: до 5 години -бесплатно, од 5-10 години: 50% од наведените цени, од 10 и повеќе години: се плаќа полна цена