ХУРГАДА И КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ

ХУРГАДА  И  КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ 
                   
(8 дена  / авион/ секој петок до 30.04.2021)  




1. Ден   СКОПЈЕ - ХУРГАДА  
Лет со компанијата Pegasus Airlines во 10:20 часот до Истанбул. Cлетување во Истанбул 13:45. Полетување за Хургада во 23:05чaсот. Пристигнување на аеродромот Хургада  во 00:40 часот. Трансфер и сместување во избраниот хотелот. Ноќевање.  
 
2 Ден  ХУРГАДА 
Појадок.  Престој во хотел 4*/5* на база Се вклучено. Слободно време за уживање во убавините на Хургада и Црвено Море или можност за факултативни излети (Рајски Остров, Гифтун, Сафари,...)   Ноќевање.  

3 Ден   ЛУКСОР-ДОЛИНА НА КРАЛЕВИТЕ 
Појадок. Поаѓање кон Луксор. По пристигнување можност за факултативна посета на Долината на Kралевите, Храмот на Хатшепсут, потоа посета на Колос од Мемнон па заминување кон Храмот Карнак познат по спектакуларни обелисци, столбови и статуи  градени повеќе од 1500 години од различни фараони. Во попладневните часови качување на брод 5* на база полн пансион. Вечера и ноќна пловидба кон Едфу. Ноќевање. 

4 Ден  ЕДФУ  и  КОМ ОМБО  
Појадок. Пристигнување  во Едфу , посета на Едфу -факултативно. Пловидба до Ком Омбо. Ручек на брод.Пристигнување во Ком Омбо. Можност за  Посета на храмот Ком Омбо посветен на Собек - Бог со глава на крокодил и Богот Хароерис на кого старите Египќани му принесувале жртви за да не бидат напаѓани од крокодили - факултативно.  Враќање на бродот. Пловидба кон Асуан. Вечера на брод. Ноќевање. 

5 Ден   АСУАН 
Појадок. Слободно време за посета на градот на љубезните Нубијци и место каде се собираат фелуките - традиционални Египетски бродчиња. Ручек на брод . Слободно време. Вечера на брод. Ноќевање. 

6 Ден   АСУАН  - ХУРГАДА 
Појадок. Можност за факултативна посета на  островот Фила со посета на храмот на Изида - божица на плодноста и мајчинството од египетската митологија. Во попладневните часови заминување кон Хургада. Пристигнување во Хургада и сместување во хотел.Ноќевање. 

7 Ден   ХУРГАДА - СКОПЈЕ  
Појадок. Одјавување од хотел во 12 часот . Слободно време до закажаниот трансфер до аеродром Хургада. Лет за Истанбул со Pegasus Airlines во 01:55 слетување во 05:45 часот. 

 8 Ден СКОПЈЕ 
 Лет за Скопје во 09:50. Пристигнување во Скопје во 09:20 часот. 


ХОТЕЛ +брод  ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО  1/2 СОБА/КАБИНА
до 30.04.2021

Хотел 4*
3  Ноќевања All inclusive + 3 ПОЛНИ ПАНСИОНИ
589
Хотел 5*
3  Ноќевања All inclusive + 3 ПОЛНИ ПАНСИОНИ
635






ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:  
 
• Редовна авионскa линиja од Скопје со PEGASUS AIRLINES  секој петок  
• Аеродромски такси  
• Трансфери според програмата 
• 3 ноќевања во хотел 4* или 5* во Хургада на база СЕ ВКЛУЧЕНО  
• 3 ноќевања на брод Carnival Cruise 5* или сличен на него ,во двокреветна кабина  на база полн пансион 
• Чекиран багаж до 20 кг и 7 кг рачен багаж 
 
 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:  
 
• Бакшиш од 30 долари (се плаќа на водичот по пристигнување во Египет) 
• Пијалоци за време на крстарањето  
• Факултативни излети (пакет цена за сите излети) за време на крстарење по Нил 145 еур 
• Патничко осигурување  
• ПЦР тест не постар од 72часа пред влез во државата е задолжителен. (Асистираме за закажување на навремен тест во акредитирана лабораторија по цена од 2.200 денари)  
 
  Напомена :  
✔Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на авион и во хотел - на барање) 
✔За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и  Т.А.Атлас Корпорејшн 

ХУРГАДА И КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ

8 дена / 7 ноќи / авион / секој петок до 30.04.2021
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+