Кападокија

29.04. Четврток              Скопје - Истанбул - Кајсери 
Состанок на групата во 06:00 часот на аеродромот во Скопје. Лет за Истанбул во 08:55 часот. Слетување на аеродромот во Истанбул во 11:30 часот. Летот за Кајсери е во 18:35 часот. Во Кајсери слетувањето е во 19:50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување во хотел, слободна вечер за индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање. 



30.04. Петок             “Срцето на Кападокија„ 
Појадок. По појадокот Ве водиме во срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжуваме кон Ѓореме - срцето на Кападокија, со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот на 10-12 ти век, велелепни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со живописни бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј… Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи. Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Следи разглед на Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила… а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци и панорамско фотографирање на Црвената долина. Враќање во хотел. Вечерта, факултативно можност да се види танцот на Дервишите, традиционално танцување со кое Дервишите, кои инаку водат аскетски живот, паѓаат во транс, вртејќи се и молејќи се за добрина и среќа. Нешто што навистина мора да се види и секако нема да ве остави рамнодушни. Вечера. Ноќевање. 



01.05. Сабота             “Голема мистична тура„ - Лет со балон 
Рано наутро околу 04:30 часот можност за факултативно летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, доживување (доколку дозволуваат условите согласно напомената подолу). По летањето кратко наздравување со шампањ и добивање сетрификат за летање со балон. Враќање во хотел. 
Појадок. По појадокот, следи целодневен факултативен излет - Голема Тура: подземниот град Кајмакли издлабен во вулкански камен во VII век пред н.е. еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата. По посетата на Кајмакли, се продолжува со посета и прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Прошетката низ долината продолжува кон манастирот Селиме кој потекнува од VIII век со попатна пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Попатно посета на фабриката за Оникс, каде ќе може да се види како овој полудраг камен се обработува. Враќање во хотел. Вечера. Време за одмор и слободни активности. Ноќевање. 
  

  
02.05. Недела            Ѓореме - Мустафа паша - манастир Кершик 
Појадок. По појадокот следи факултативен излет и посета на Мустафа паша, мала населба, врз чие постоење наназад белег оставиле бројни цивилизации. Во времето на Османлиската империја се нарекувала Синанос и во неа доминантно население биле Грците и Караманлидис (христијани кои го зборувале турскиот јазик), а остатокот од населението биле Турци. Во 1924 год. со договорот помеѓу Грција и Турција за размена на населението Грците и Караманлидис биле заменети со турско населени од Македонија и Костур. Како резултат од таквата размена на народите дел од населението во Мустафапаша во голема мера го разбира и говори македонскиот јазик. Пауза за ручек. Прошетка низ градот и слободно време. Во договорено време разгледот продолжува со посета манастирот Кешлик, изграден во вулканските карпи, туф, уште во времето на Византијците, а се користел се до 1920 год. Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време, препорачуваме факултативна можност за јавање на коњи низ мистичната "Земја на убавите коњи". Вечера. Ноќевање. 
  

  
03.05. Понеделник              Кајсери - Истанбул - Скопје 
Ран појадок (lunch box). Одјавување од хотел. Tрансфер до аеродромот во Кајсери. Полетување за Истанбул во 09:05 часот (локално време). Слетување во Истанбул во 10:40 часот. Полетување за Скопје во 19:25 часот, слетување во 20:00 часот. 
   
  
   

Цена на аранжманот: 30.940,00 денари (499€)
Цена за рана уплата: 24.740,00 денари (399€)
За резервации до 26 Март (уплата мин.30%)

  
  
  
  
  
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
· Авионски превоз на релација Скопје - Истанбул - Кајсери - Истанбул - Скопје со Turkish airlines 
· Аеродромски такси 
· Чекиран багаж до 30кг. 
· Рачен багаж до 8кг. 
· Трансфер аеродром - хотел - аеродром 
· Сместување во DINLER HOTEL 5* во Urgup  на база 4 полу пансиони (појадок и вечера) 
· Организиција на аранжманот и придружник на патувањето 
  
  
  
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
• Целодневен излет “Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) - 50€ (3.100 мкд) * задолжително пријавување во агенција* 
• Целодневен излет “Срцето на Кападокија” - трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) - 50€ (3.100 мкд) * задолжително пријавување во агенција* 
• Факултативен излет с.Мустафапаша и манастирот Кершик со вклучен ручек (без пијалок) 45€ (2.790 мкд) * задолжително пријавување во агенција* 
• Јавање коњи (1 час) - 35€ (2.170 мкд) * задолжително пријавување во агенција* 
• Шоу програма танц на дервишите /церемонија (трансвер-Dervish sema ceremonija) - 30€ (1.860 мкд)  * задолжително пријавување во агенција* 
• Лет со балон - во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме непосредно пред патувањето.) Цена од 110€ - 160€. 
• Доплата за еднокреветна соба 4.340 ден. 
  
  
  
НАПОМЕНИ: 
• За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници. 
• Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето. 
• За овој аранжман важат Општите услови за патување на Атлас Корпорејшн . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми). Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 
 

Кападокија

Авион 5 дена / 4 ноќевања
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+