Кефалонија

Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите.

Порос од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонијаефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез. 
 
Дали знаете? 
 
·      Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” - танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан. 
 
·      Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз. 
 
·      Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров. 
 
Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.
 
  
 
Термини ВИЛА     АЛЕКОС ВИЛА  ДИНА
9  Ноќевања 1/5 1/5 1/4 1/4 1/3 1/3 1/2 1/2 1/2 1/2
10.07-21.07 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
19.07-30.07 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
28.07-08.08 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
06.08-17.08 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
15.08-26.08 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
24.08-04.09 210 189 217 195 220 199 232 209 232 209
02.09-13.09 129 119 138 125 142 129 155 139 149 149



Цените со црвено се промо цени и важат за резервација и уплата од 50% до 30.04.2022 
 
  

ВИЛА АЛЕКОС 
Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман. 
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа. 

  
ВИЛА ДИНА 
Вила Дина располага со двокреветни студија. Секоја соба има кујна која е опремена со решо и фрижидер како и сосптвено купатило и сопствена тераса. Вилата е на 50 метри од плажа и на 70 метри од центарот на Порос. 
 
  
 
Плажа Миртос 
 
Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада. 
 
Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови. 
 
Плажа Антисамос 
 
Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна. 
 
Плажа Скала 
 
Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака 

Кефалонија

Грција
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+