Крф - Грција

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување.Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 8 години. Ве очекуваме. 
 
ВИЛА ЈУЛИАНОС И ВИЛА АТАНАСИУС - КРФ ИПСОС 
20 % ПОПУСТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.05.2022 
  
 
Вила Јулианос 
 
Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос - Крф, на 600м од плажата со многу гостопримливи домакини Вила која ја работиме веќе 9то лето и од која имаме само пофалби. 
 
Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални). 
 
Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Вилата има wifi, телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден). 
 
Вила Атанасиус 
 
Вила Атанасиус се наоѓа во Ипсос на островот Крф на 300м  оддалеченост од главната плажа. Вилата располага со едноспални апартмани и студија за две лица и дуплекс апартмани за четири лица. Апартманите имаат оделна кујна, купатило+ wc и балкон. Просториите немаат ТВ. Објектот има Wifi.  Дел од дуплекс апартманите располагаат со два тоалети и два балкони. Во непосредна близина на вилата се наоѓаат маркети и ресторани. Битно е да се потенцира дека не во секоја кујна има рерна, во некои има решо. Апартманите не располагаат со клима. 
 


Што е вклучено во цената 
 
- Превоз на релација Скопје - Игуменица - Скопје 
- 7 ноќевања 8 дена сместување 
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој 
Што не е вклучено во цената 
 
- Факултативни излети 
- Патничко осигурување 
- Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот) 
- Повратна карта за траект - 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус) 
 
Факултативни излети 
Тура на север 
 
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив. 
 
Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка. 
 
  
 
Глифада 
 
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација. 
 
  
 
Крстарење 
 
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до касиопи најсеверната точка на островот.  
 
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h. 
 
  
 
Крстарење Паксос и Антипаксос 
 
  
 
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек. 
 
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. 
 
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови. 
 
  
 
  
 
Аква Парк 
 
Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин. 
 
  
 
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат 
 
  
 
НАПОМЕНА 
 
·За споен термин се одбива 10 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени. 
CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00 
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00 
·Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани. 
 
·Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори 
 
·Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио. 
 
·Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
 
·Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните, доплаќа само превоз 50 евра 
 
·Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло  има 50% попуст со двајца возрасни во соба.Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума 
 
·За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет, 
 
·Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, 
 
· Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште. 
 
·За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА BLACK FRIDAY ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ) 
 
 
  
 
Вила  Јулианос и вила Атанасиус - Крф Ипсос

Поаѓање Враќање Ноќевања Цена Промо цена до  10.05
28.5.2022 04.6.2022 7 109 69
04.6.2022 11.6.2022 7 119 79
11.6.2022 18.6.2022 7 129 99
18.6.2022 25.6.2022 7 135 108
25.6.2022 02.7.2022 7 143 115
02.7.2022 09.7.2022 7 152 122
09.7.2022 16.7.2022 7 189 151
16.7.2022 23.7.2022 7 199 159
23.7.2022 30.7.2022 7 199 159

 

Крф - Грција

Грција
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+