МИЛАНО

МИЛАНО

City break - Март
05-08.03.2023 - 225 EUR - Авион
08-12.03.2023 - 219 EUR - Авион
 
Милано

Милано, еден од најголемите градови во Италија. Лоциран во рамнината Ломбардија, во близина на реката По, денес претставува еден од најразвиените урбани центри во Европа. Најбогатиот и градот на модата истовремено изобилува со историски и артистички атракци, меѓу кои во срцето на Милано - огромната катедрала во неоготски стил ”Дуомо” која е висока 108 метри, а долга 158 метри, оперскиот театар Ла Скала, како и уметничкото дело “Последната вечера”. Покрај запрепастувачките градби ломбардиската метропола е позната и по модните куќи и продавници, како и галеријата Виторио Емануеле на Пјаца Дуомо, која всушност е изградена во форма на крст со стаклени тавани и има репутација на најстар трговиски центар во светот. 

 1 ден
   СКОПЈЕ – МИЛАНО
Полетување за Милано во 19:00 часот. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Пристигнување во Милано во 21:10 часот. Индивидуален трансфер до хотел и сместување. Ви предлагаме прошетка низ центарот на Милано по една од најпрестижните улици на Милано, Via Montenapoleone, позната по бројните бутици со врвни дизајнери кои ги диктираат светските модни трендови. Ноќевање. 

 2 ден
   МИЛАНО (ПРЕДЛОГ ПОСЕТА НА ЛУГАНО)
Појадок. Предлог посета на Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, често го нарекуваат и “Швајцарското Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, како и големиот градски парк Parco Civico кој е еден од најубавите во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Езерото кое е надалеку познато по светскиот џет сет, како и снимањето на големото филмско остарување Казино Ројал - Џејмс Бонд. Враќање во Милано. Ноќевање. 

3 ден
   МИЛАНО
Појадок. Разглед на градот и предлог посета на споменикот на Леонардо, Академијата Брера, Катедралата и плоштадот Дуомо, оперската куќа La Scala, црквата Santa Maria della Grazzie каде се наоѓа и едно од ремек делата на Леонардо Да Винчи “Тајната вечера”. Време за посета на Castello Sforezesco, замок во Милано, куќа на неколку од градските музеи и уметнички колекции. Ноќевање. 

4 ден
   МИЛАНО – СКОПЈЕ
Појадок. Прошетка до некој од трговските центри во Милано. Време за одмор и ручек. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Полетување за Скопје во 21:10. Пристигнување во Скопје во 23:10 часот.
 
ЦЕНА (05-08.03.2023) 225 €
ЦЕНА (08-12.03.2023) 219 €
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
  • Сместување во хотели во Милано / база 3 ноќевања со појадок
Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со редовна “shuttle bus“ линија
  • Влезници во музеите и културно – историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување
Напомени:
  • Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата
  • Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на Атлас Корпорејшн и СКТМ
 

 

Галерија

МИЛАНО

05-08.03.2023 - 225 EUR - Авион
08-12.03.2023 - 219 EUR - Авион
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+