Виена

ВИЕНА

Нова Година 2023
Автобус / 4 дена / 2 ноќевања
29.12 - 01.01.2023


Виена-актуелна престолнина на Австрија и некогашен главен град на моќната Австро-унгарска империја, денес модерна туристичка метропола на брегот на убавиот син Дунав, која ве освојува на прв поглед со убавите палати на царскиот Хофбург и Шенбрунските паркови, богати уметнички колекции, музика, шопинг,  многубројни кафулиња, слаткарници и ресторани. 
 
1 ден 29.12 Четврток                   СКОПЈЕ - ВИЕНА 
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 13:00 часот. Тргнување за Виена во 13:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. 

2 ден 30.12 Петок                             ВИЕНА 
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Вотиф, Парламентот, Универзитетот...Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, можност да се проба вистинска виенска шницла во национален ресторан. Ноќевање. 

3 ден 31.12 Сабота                           ВИЕНА 
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки или можност за посета на Дунавската Кула  која е изградена во 1964 год и е висока 252 метри од каде има неверојатна панорамска  глетка на градот Виена. Вечерта околу21:00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел. Ноќевање. 

4 ден 01.01 Недела                         ВИЕНА - СКОПЈЕ 
Појадок. Напуштање на хотел.Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse и можност да се почуствува новогодишната атмосфера во Виена.Во пладневните часови поаѓање за Скопје со попатна пауза во Pandorf outlet center. Ноќно возење преку Унгарија и Србија. Пристигнување во Скопје, наредниот ден во  попладневните часови. 


  
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.11.2022:  169€ / 10.480 ден 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 €/ 11.720 ден. 
  
  
 
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација 
- Организиран разглед со локален водич  на Виена 
- Сместување во хотел  3* во Виена на база 2 ноќевања со појадок 
- Посета на шопинг центар  Pandorf 
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето. 
  
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Разглед на Виена со локален водич - 15 евра 
- Туристичка такса 2 евра по лице на ден (се плаќа во агенција) 
- Дунавска Кула (превоз + влезница) - 25€ 
- Факултативна посета Шенбрун со вклучена влезница, водич и превоз 50 евра 
- Доплата за еднокреветна соба 4.300 ден 
- Патничко-здравствено осигурување 
  
НАПОМЕНИ: 
- Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд. 
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање! 
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја  зголеми цената на аранжманот; 
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот како и цените на факултативните излети; 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ 

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето 


 

Виена

29.12 - 01.01.2023
Автобус / 4 Дена / 2 ноќевања
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+