Вила “ЗАЧЕ”

Вила “Заче” е одалечена на 100 метри од плажа во центарот на Ксамил, опружена со зеленило во дворот и срдечни домаќини.  
Сите соби имаат комплетно опремена кујна со фрижидер, тераса, ТВ... Бесплатно користење на клима уред, Wi-Fi и паркинг со ограничен број на места.  
Вилата располага со: 
1 трикреветно студио (брачен и единечен кревет) 
5 студија комфорт (3 студија со брачен и 1 единечен кревет, 2 студија со брачен кревет и 2 единечни кревети) 
 
EARLY BOOKING 
10% попуст за целосна уплата до 31.05.2021 
  5% попуст за целосна уплата до 10.06.2021 


ЦЕНА ЗА НАЕМ 2021 год.
Термин 13.06-20.06 20.06-27.06 27.06-04.07 04.07-11.07 11.07-18.07 18.07-25.07 25.07-01.08 01.08-08.08 08.08-15.08 15.08-22.08 22.08-29.08 29.08-05.09 05.09-12.09 12.09-19.09
Ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/3 студио 220 230 260 280 300 340 340 340 340 340 300 260 220 220
1/3 студио 230 250 270 290 320 350 350 350 350 350 320 270 230 230
комфорт
1/4 студио 240 260 280 310 350 390 390 390 390 390 350 300 260 260
комфорт

НАПОМЕНИ: 
- ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио за 7 ноќевања. 
- За соба со поглед на море се доплаќа 20 евра. 
- Во студио/соба дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број има можност со дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни. 
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот. 
- Превозот е еден ден пред терминот во табелата. 
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената. 
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
- За уплата на два последователни термини за престој, одобруваме 10% попуст на вториот термин и важи само за редовни цени. 
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира. 
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. 
- Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето. 
- Сместување во собите е по 14:00 часот по локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот. 
- Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 7 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. 
- По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место. 
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата. 
- Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. 
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата. 
- Се патува според протокол, пеку граничен премин Ќафасан (Струга). Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање. 
- Во услови на Ковид19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. 
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. 
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. 
- Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето. 
 
Цена за превоз: 
- Возрасно лице 55 евра  
- Деца до 12 години 40 евра  
- Деца до 2 години (без седиште) - бесплатно 
- Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минимум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање. 

 

Вила “ЗАЧЕ”

Ксамил
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+