Закинтос

ЗАКИНТОС е трето по големина, од седумте поголеми јонски острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови, се наоѓа во јужниот дел на Јонското море. Широките песочни плажи со егзотични заливи и 123 км долга обала, со години овој остров ги превлекува туристите. Закинтос е најпознат по големите морски желки наречени “CARETTA CARETTA” кои на Закинтос се заштитен вид бидејќи таму се размножуваат. 
 
ЛАГАНАС се наоѓа на јужниот дел на островот одалечен 8 км од градот Закинтос и 7 км од аеродромот. Својата најголема популарност ја должи на преубавите песочни плажи и на лудиот ноќен живот. Предноста на Лаганас е што ја има една најубавите песочни плажи долга 5 км. Целата област е позната по големиот број ноќни клубови и барови. Ова не е местото кое го посакувате да го посетите доколку сакате мирен одмор. 
 
  
 
9  Ноќевања 1/3 1/3 1/2 1/2
10.07-21.07 232 209 244 219
19.07-30.07 255 229 267 239
28.07-08.08 255 229 267 239
06.08-17.08 255 229 267 239
15.08-26.08 232 209 244 219
24.08-04.09 220 199 232 209



Andreas Studios 2* 
  
Се наоѓа на Каламаки улицата на 500 метри од плажата и на 300 метри од главната улица. Се наоѓа во близина на хотелот Икарос. Сите соби имаат тераса, кујна и купатило, а опремени се со фрижидер и клима уред (со доплата на лице место) 
  
 
  
 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА 
 
·      Сместување на база 9 ноќевање во 1/2 и 1/3 соби 
 
·      Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје - Лаганас- Скопје 
 
·      Организација на аранжманот и пратител на групатa 

 
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА 
 
·      Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување 500 денари - се плаќа во агенција 
 
·      Превоз со брод на релација Килини - Закинтос - Килини 25евра 
 
·      Задолжителна туристичка такса за Грција (дневно по соба: приватно сместување - 0,5 евра, хотели 1* и 2* - 0,5 евра, хотели 3* - 1,5 евра, хотели 4* - 3 евра, хотели 5* - 4 евра) -се плаќа во агенција 
 
·      PCR тест (доколку не сте вакцинирани) 
 
·      Факултативни излети 
 
·      Индивидуални трошоци. 
 
  
 
ПЛАН И ПРОГРАМА 
Разлгед на најубавите плажи на островот 
  
Според легендата, старогрчките богови Аполон и Артемид, поради благата клима, преубавите плажи, кристално чисто море и мигичните заоѓања на сонцето го имаат избрано токму овој остров за одмор. Ќе Ве очекуваат целодневни излети на најубавите плажи на островот, Sv Nikolas и плажата Banana. Песочни плажи, во чија непосредна близина има и неколку барови, таверно и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите. 
 
  
 
ПЛАЖА BANANA 
 
Најголемата плажа на островот, која е препознатлива по своето егзотично, небесно плаво море. Не очекува незаборавен ден на оваа плажа, каде што ќе уживате во сонцето,   морето и одличната забава на плажа. Стотината млади од Balkan Fun на едно место ќе Ви направат овој излет незаборавен… 
 
ПЛАЖА Sv.NIKOLA 
 
Ова е една од најубавите плажи на островот, која покрај својата убавина нуди и доста beach барови, таверни и ресторани во кој ќе може да се одморите и освежите. Цел ден ќе поминеме на оваа плажа и ќе ги наполниме батериите за остатокот од летувањето. 
 
  
 
РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ ЗАНТЕ 
 
Ова е еден од најубавите градови на Јонското море, се наоѓа во заливот од југоисточната страна од островот, во подножјето на брдото Бохали. Градот има прекрсасни градби, цркви и плоштади, својот денешен изглед го формирал после 1953. година, кога најголем дел од градот бил уништен од големиот пожар и земјотрес. 
 
Еден од најитересните делови е Соломоновиот плоштад, најголем на островот, на кој се наоѓа и црквата St. Nicolаs on the mole, единствена градба од венецијанската епоха која го преживеала големиот пожар и земјотрес. На падините над градот се наоѓа и споменикот на Соломос, кој е роден на овој остров, а во непосредна близина се наоѓаат и остатоците од некогашниот замок. 
 
Сигурно најубавото место од островот е брдото Бохали, од каде имате прекрасна панорама и поглед на градот и целиот остров. Не очекува целодневен разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Голем е бројот на ресторани, кафичи и афтентични таверни во кој може да пробате некои од локалните специјалитети и да се освежите. 
 
  
 
КРСТАРЕЊЕ СО БРОД-плажа Navajo 
 
Navajo плажата со сигурност е една од најубавите грчки плажи, до која може да се стигне единствено со брод. Ќе уживате во неверојатните пејсажи и преубавата природа на островот додека пловите со бродот. Ќе ги видиме Silvi, Alikes, неверојатните и преубави Плави Пештери и Navajo плажата, симболот на Закинтос која се наоѓа на сите каталози и разгледници од островот. 
 
Бојата на водата, песокот, заливот и карпите која ја опкружуваат, заедно со стариот брод е нешто што сакате да го доживеете додека сте на островот. Ќе направите прекрасни фотографии на ова место. Во текот на целодневното крстарење повеќе пати ќе застануваме заради бањање и сликање. 
 
  
 
ЖУРКА НА БРОД 
 
Спремете се за единствената журка на брод. После влегувањето на бродот започнуваат незаборавни неколку саати добра забава и бањање по преубавите заливи и скриени плажи. Сонцето, стотината млади и најдобрите музички хитови ќе направат одлична атмосфера и провод за памтење. Ова е дефинитивно еден од најубавите факултативни излети кој не смеете да го пропуштите… 
 
  
 
Напомена: 

·      За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената не се намалува 
 
·      Наведените дати во табелата се однесуваат за тргнување од Скопје. 
 
·      Напуштање на собите е во 09:00 часот (локално време)

Закинтос

Грција
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+