Малта

Малта

18 Април (сабота)  СКОПЈЕ - МАЛТА  
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:30 часот. Лет за Mалта (W6 7765) во 13:30 часот, слетување во Малта во 15:15 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно време.Ноќевање.  
 
19 Април  (недела)  ВАЛЕТА - МДИНА 
Појадок. Предлог - факултативна посета на Валета и Мдина стариот главниот град на островот со живописни тесни улички  и прекрасна панорама од градските зидини. Разгледот продолжува кон главниот град на Малта - Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините „Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града: „Vittoriosa“, „Cospicua“ „Senglea“. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. Слободно време. Ноќевање. 
 
20 Април (понеделник)  МАЛТА - ГОЗО 
Појадок. Можност за факултативна целодневна посета на Гозо (Calypso's Island), вториот најгoлем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо - грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi… Попладне враќање во хотел. Ноќевање. 
 
21 Април (вторник) МАЛТА-СКОПЈЕ 
Појадок. Предлог - факултативна посета на селото на Попај - атракција останата од  1980 каде може да ја доживеете филмската магија останата од времето кога е снимен мјузиклот “Popeye” . Во договорено трансфер до аеродром Лет за Скопје  во 16:15 часот (W6 7766) .Слетување во Скопје во 17:55 часот. 
 
  
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ во 1/2 соба до 20.03.2020  299 еур
 
 
                                           
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО : 
• Авионски превоз Скопје - Малта - Скопје  
•  Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm 
• Организиран трансфер аеродром - хотел- аеродром 
• 3 ноќевања со појадок во Хотел  3*     
• Tуристички придружник за време на патувањето. 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
• Аеродромски такси 3.720 ден 
• Пријавен багаж од 10 кг 2.800 мкд , од 23 кг 3.800 мкд 
• Посета на Валета и Мдина - 50 еур  
• Целодневна факултативна посета на GOZO - 60 еур 
• Селото на Попај - 30 еур  
• Туристичка такса  
• Влезници за културно историските споменици  
• Патничко осигурување                                                                     
 
 
 Забелешки:  
  • Организатор на ова патување е АТЛАС КОРПОРЕЈШН . 
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот. 
  • Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот 
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.  
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.  

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ КАКО И ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
 
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€ 
Општите услови за патување на АТЛАС КОРПОРЕЈШН и СКТМ се составен дел од овој аранжман 

Малта

Малта

18.04.2020 – 21.04.2020
4 дена /3 ноќи / авион
Share on Facebook Share on Twitter Share on Google+